25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВенгер не сакал да го продаде Озил на Баерн

Венгер не сакал да го продаде Озил на Баерн

venger ozil 39

Носителот на Купот на Англија, Арсенал, ја одбил понудата на Баерн за Месут Озил во ова лето, соопштува шпанскиот весник „El Confidencial“.

Тренерот на „баварците“, Пеп Гвардиола му се допаѓал Озил уште додека бил на чело на Барселона, но германскиот репрезентативец играл за вечниот ривал – Реал Мадрид. Затоа стручњакот се обидел да го привлече 25-годишниот играч во Баерн.

Германскиот шампион добил одбивање од страна на „топџиите“, бидејќи менаџерот Арсен Венгер не сакал да се раздели со плејмејкерот, а и понудата била далеку пониска од оние 50 милиони евра кои лондонскиот клуб ги потроши за Германецот во текот на летото на 2012-та година.

Изданието тврди уште дека Венгер можел да го престигне Жозе Мурињо од Челси и да го врати на „Емирати“ Цеск Фабрегас со парите што сакал да ги добие од Баерн за Озил, кој постојано е критикуван од англиските медиуми за слабата форма во последно време.

Во оваа сезона Германецот постигна само еден гол и асистираше за уште еден погодок. Во исто време Фабрегас веќе беше асистент на 7 гола за Челзи и сам постигна еден гол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП