19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧех е подготвен да си замине од Челзи

Чех е подготвен да си замине од Челзи

petre 3

Голманот на Челзи, Петр Чех ќе го напушти лондонскиот клуб, ако продолжи да седи на резервната клупа. Чешкиот репрезентативец пристигна на „Стемфорд Бриџ“ во 2004-та година и беше главен голман на тимот во текот на 10 години.

Пред почетокот на сезоната во екипата се врати позајмениот на Атлетико Мадрид, Тибо Куртоа и Белгиецот веднаш го доби првотимското место, а 32-годишниот Чех се појави само на еден натпревар – против Арсенал, бидејќи Куртоа заработи повреда.

Во врска со ова, Петр Чех изјави дека со оглед на претстојното Европско првенство во Франција, нема намера да седи на клупата и да нема настапи.

„Не сум разговарал со никој, но мислам дека луѓето во клубот ме познаваат доволно добро и знаат дека ситуацијата не е таква каква што јас замислував“, изјави Петр Чех за едно чешко радио.

„Имајќи го предвид националниот тим и Евро 2016, нема како да останам на клупата и да не играм. Ако ситуацијата не се подобри, тогаш ќе треба да го решиме ова прашање“, изјави Чех.

За голманот се заинтересирани француските гиганти ПСЖ и Монако.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП