28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБрзо и едноставно: Прва помош при мигрена

Брзо и едноставно: Прва помош при мигрена

migrenajnfuijhuiofr

Оваа болка се појавува кај голем број луѓе и иако експертите велат дека таа во принцип не е опасна за здравјето, мигрената значително го намалува квалитетот на животот и знае добро да ги уништи плановите.

Ви нудиме пакет брзи мерки кои ќе ви помогнат да ја ублажите мигрената…

Кога чувствувате дека таа настапува применете ја следнава постапка и внимавајте на секоја точка:

  • Витамин Ц – исцедете цел лимон во чаша млака вода и испијте го.
  • Кофеин – испијте шоља црно кафе, најдобро турско, без млеко.
  • Таблета против болки – постојат аналгетици кои можат да ја ублажат мигрената. Пронајдете го оној кој најдобро ви влијае и применувајте го во умерени количини.
  • Сон –легнете во мирна, тивка, проветрена и затемнета просторија и обидете се да спиете еден или два часа.
  • Туширање – истуширајте се најизменично со топла и ладна вода со цел да ја поттикнете циркулацијата.
  • Прошетајте на свеж воздух – но немојте да применувате интензивни вежби тие можат да ја зголемат мигрената, само лесно пешачете.
  • Вода – пијте поголеми количини вода и прочистете го организмот.
  • Стоплете се – не дозволувајте да ви биде ладно со цел вашето тело да не се грчи и да ги стеснува крвните садови.
  • Бидете опуштени – не брзајте и немојте да бидете под притисок, бидете опуштени и полека поминете го денот и настаните, само релаксирано.
  • Мислете на убави нешта – не ја потценувајте моќта на позитивното мислење и нејзиното влијание на физичката состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП