25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДушебаев вторпат во тимот на колото и со најубав гол

Душебаев вторпат во тимот на колото и со најубав гол

aleks-dusebajev

Десниот бек на Вардар Алекс Душебаев вторпат во првите две кола се наоѓа во најдобрата „седморка“ на колото во Лигата на шампионите. На дуелот со Чеховски Медведи, Душебаев постигна седум голови, а еден од нив беше избран и како најубав.

Во изборот на најубавите голови се најде и Тимур Дибиров, кој постигна 8 голови, а еден од тие е рангиран како број 5.

Најдобрата „седморка“ на второто коло ја сочинуваат:

лево крило – Хуан Гарсија (Ла Риоха),
лев бек – Емил Бергрен (Алборг),
среден бек – Арон Палмарсон (Кил),
десен бек – Алекс Душебаев (Вардар),
десно крило – Драган Гајиќ (Монпеље),
пикер – Тиаго Роча (Висла) и
голман – Роланд Миклер (Веспрем).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП