28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Скопје Регионална средба за финансиска едукација на деца и млади

Во Скопје Регионална средба за финансиска едукација на деца и млади

YoungMoney

Подигнување на свеста во светот за потребата од финансиска едукација и финансиско вклучување на младите, е основната цел на Третата годишна регионална средба на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади за Европа и Централна Азија (ЕЦА) што денеска и утре се одржува во Скопје во коорганизација на Народната банка на Република Македонија.

Средбата се очекува да ги зајакне и усогласи финансиската вклученост, економската едукација и иницијативите за претприемаштво за младите во регионот.

„Големата финансиска криза од 2008 година покажа дека има големи пукнатини и недостатоци во светскиот финансиски систем и оти некои од нив можа да се затворат со поголемо финансиско образование и финансиска инклузија“, рече гувернерот Димитар Богов во поздравниот говор на отворањето.

Тој посочи дека е постигнат одреден напредок во овие области токму заради постењето на меѓународни движења како што е Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади за Европа и Централна Азија, кои, како што рече, с е стремат да создадат генерација која ќе биде подготвена да сспречи идни финансиски кризи преку зголемување на финасиската едукација, пристапот до финасиите и вештините на децата и младите за вработување и претприемништво.

„Се смета дека нивото и квалитетот на финасиското образование и финасиската вклученост на младите во секоја економија имаат значително влијание врз изгледите за одржлив раст. Финасиската вклученост обезбедува и можност за натамошно унапредување, со што ќе се поддржи и овозможи одржливост на финасиската стабилност“, рече Богов, нагласувајќи дека клучен момент за обезбедување на финасиска стабилност е финасиската моќ на потрошувачите.

Финансиката еукација, пак, нагласи, е моќен двигател на равојот на потрошувачките вештини и им овозможува алатки и знаења на потрошувачите како да управуват со својот буџет и да ги донесуваат своите лични финасиски одлуки.

„За да обезбедиме контекстуално и концепциски ефикасно финансиско образование, финасиската едукација треба да ја вклучиме во училишните наставни програми“, потенцира Богов.

Заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими посочи дека на денешната средба на едно место можат да се разменат искуства за важни проблеми и прашања поврзани со вработување на младите во Европа и Централна Азија, алтернативното економско образование и едукацијата.

„Во Македонија во последните неколку години се посветува се поголемо внимание на вработувањето на младите лица. Стапката на невработеност на младите во Македонија која заклучно со последните податоци од 2014 година е некаде околу 46 проценти подразбира поголема инвестиција од државата од аспект на образвоанието, но и обуките кои треба да ги подобрат компетенциите и вештините на малдите за вработливост и за запознавање со можностите за самовработување“, рече Ибрахими.

Тој пред присутните презентираше дел од владините политики за подобрување на вработeноста на младите и неколкуте проекти за вработување на млади до 29 годишна возраст.

Извршниот заменик-претседавач на Одборот на пазарот на капитал на Турција, Тефик Кинин, посочи дека Турција годинава бележи пад на домашната заштеда.

„Годинава домашната заштеда изнесува 13 отсто, а лани беше 21 процент. Ако не можеме да ги натераме луѓето повеќе да штедат јасно е дека нема да можеме да продолжиме со одличниот раст што го има нашата економија во последните години. Затоа е неопходна финасиската едукација“, рече Кинин.

Тој потенцира дека во Турција има претежно младонаселение, но сепак, како што рече, земјата има поголем просек на издадени дебитни и кредитни картички од европскиот.

Директорката на Меѓународната организација за финасиска едукација на деца и млади (ЦЈФИ), Џеру Билиморија, пак, наголаси дека децата уште од најмали години треба да се учат на штедење.

„Мора уште на три годишна возраст да ги научиме децата на штедење, бидејќи подоцна е веќе доцна. Уште на оваа возраст треба на детето да му извадиме дебитна картичка за да научи како да работи со неа“, рече Билиморија.

Таа посочи дека младите не се доволно едуцирани за финасиите и токму поради тоа, како што нагласи, дури 90 отсто од бизнисите што ги започнуваат младите луѓе не успеваат.

„За да се надмине тоа треба во системот на образование уште од најрана возраст треба да се учи за финасиите, односно како да се отворат сметки во банка, како да се земат кредити, како да се почне свој сопствен бизнис“,…, истакна Билиморија.

На средбата во Скопје присуствуваат водечки носители на политиките од регионот, финансиски институции, експерти, практичари и иноватори коишто се занимаваат со прашањата поврзани со пристапот на децата и на младите до финансиите, финансиската вклученост и финансиската едукација, можностите за вработување и претприемаштвото и ќе споделат успешни приказни и предизвици.

Вкупно 70 деца и млади од цела Европа и Централна Азија пред нив ќе ги претстават своите точки на дејствување за создавање соодветни и одржливи економски можности за младите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП