29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВиното ги лечи акните

Виното ги лечи акните

vino-v

Да, добро прочитавте. Најновото истражување покажа дека антиоксидантите во црното вино можат да помогнат во борбата со акните на лицето.

За здравствените предности на ресвератролот, кој се наоѓа во грозјето, црното вино и чоколадото, се расправа веќе подолго време, но новата студија покажа дека тој антиоксидант ги „брише“ акните.

Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија (UCLA), ја тестираа способноста на ресвератролот да го забави појавувањето на акните кои предизвикуваат бактерии. Резултатите покажаа дека овој антиоксидант има антимикробно дејство.

Тоа откритие е важно пред се поради тоа што некои пациенти станале отпорни на одделни бактерии, а ретиноидите и бензоил пероксидот, кои се наоѓаат во многу креми и гелови против акни, често предизвикуваат иритација.

Ресвератролот исто така се покажал и како добро средство за забрзување на зараснувањето на раните, а најдобро делува во комбинација со бензоил пероксид кој има силно антибактериско дејство.

„На почетокот мислевме дека едното соединение ќе го уништи дургото, но не се случи тоа. Оваа студија покажува дека комбинирањето на оксидантите и антиоксидантите може да го подобри дејството на двете состојќи во борбата против бактериите, изјави Ема Тејлот, која работеше на ова истражување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП