26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃуровски го соопшти списокот за натпреварите со Луксембург и Украина

Ѓуровски го соопшти списокот за натпреварите со Луксембург и Украина

bosko

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Бошко Ѓуровски, денеска ги објави имињата на фудбалерите на кои ќе смета за претстојните квалификациските дуели против Луксембург дома и Украина на гостински терен.

Во националната селекција се враќаат Муарем Муарем, Никола Глигоров и Мирко Ивановски.

Од репрезентацијата привремено се откажа Иван Тричковски.

Повик од Ѓуровски добија:

Голмани: Томе Пачовски, Андреја Ефремов, Дарко Тофиловски.

Одбрана: Ванче Шиков, Даниел Мојсов, Ардијан Цуцули, Дарко Велковски, Дарко Глишиќ, Стефан Ристовски и Александар Дамчевски.

Среден ред: Аријан Адеми, Мухамед Демири, Марјан Радески, Никола Глигоров, Александар Трајковски, Стефан Спировски и Муарем Муарем.

Напад: Агим Ибраими, Адис Јаховиќ, Јован Костовски, Крсте Велкоски, Бесарт Абдурахими и Мирко Ивановски.

Македонија на 9 октомври на Националната арена „Филип Втори“ го пречекува Луксембург, а три дена подоцна гостува во Лвов кај Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП