24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМегаталентот на Ливерпул го привлече вниманието на „кралевите“

Мегаталентот на Ливерпул го привлече вниманието на „кралевите“

sterling 300

Најголемиот талент на Ливерпул, Рахим Стерлинг го привлекол интересот на Реал Мадрид, тврдат медиумите на „Островот“.

Според информациите на англиските медиуми, мадридскиот клуб ќе се обиде да го привлече 19-годишниот фудбалер во текот на летото на 2015-та година.

Тренерот на 10-кратниот шампион на Европа, Карло Анчелоти сака да го искористи времето додека траат преговорите со англискиот репрезентативец за нов договор. Веќе неколку месеци две страни се обидуваат да ги договорат сите детали, па сите да се задоволни.

Инаку Стерлинг добива 30 илјади фунти неделна плата, што го прави еден од најниско платените фудбалери во Ливерпул. Менаџерот на англискиот тим, Брендон Роџерс, сепак нема намера да го продаде еден од лидерите во тимот и планира да го задржи со нов долгорочен договор.

Овие два фудбалски гиганти се во истата група од Лигата на шампионите, па Ливерпул ќе биде домаќин на Реал на 22-ри октомври, додека вториот натпревар ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ на 4-ти ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП