19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоддршка од 150 милиони денари за модернизација на земјоделството, преработка и маркетинг

Поддршка од 150 милиони денари за модернизација на земјоделството, преработка и маркетинг

zemjodelstvo222

Сто и педесет милиони денари ќе добијат финансиска поддршка земјоделците кои склучуваат договори со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за модернизација на земјоделските стопанства, односно за трактори и приклучна механизација и за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи.

На јавниот повик за доставување барања за користење финансиски средства од оваа програма кој беше објавен на 13 декември 2013 и траеше до 15 јануари годинава беа доставени 800 барања за финансиска поддршка за инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства кои обработуваат житни или индустриски култури.

Ќе бидат склучени договори со 612 корисници за трактори и останата механизација и десетина договори за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП