19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Сан Сиро“ во 2016-та ќе биде домаќин на финалето во ЛШ!

„Сан Сиро“ во 2016-та ќе биде домаќин на финалето во ЛШ!

san siro 22

Легендарниот милански стадион „Сан Сиро“ ќе биде домаќин на финалето во Лигата на Шампионите во 2016-та година. Арената ќе ја преземе штафетата од „Олимпискиот стадион“ во Берлин, каде двете најдобри екипи од ова натпреварување оваа сезона ќе се борат за титулата.

„Сан Сиро“ по четврти пат е домаќин на најголемиот натпревар на „Стариот континент“. Претходните финалиња се од 1965-та, 1970-та и 2001-ва година. Вкупно тоа ќе биде деветти пат во кој финалето во Лигата на шампионите ќе се одигра во Италија. „Сан Сиро“ е дом на двата милански тима – Милан и Интер

Финалниот натпревар во Лига Европа во 2016-та година ќе се одигра на стадионот„Санкт Јакоб“ во Базел. Оваа сезона турнирот ќе заврши во Варшава.

Суперкупот на Европа во 2016-та ќе биде во норвешкиот град Трондхајм, каде игра локалната гордост, Розенборг.

Инаку, финалето во Лига Европа ќе се одржи на 18-ти мај 2016-та, додека битката за титулата во Лигата на шампионите е на програмата десет дена подоцна.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП