23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтер го сака талентот од редовите на Баерн Минхен

Интер го сака талентот од редовите на Баерн Минхен

gaudino 883

Раководството на италијанскиот гигант Интер сака во своите редови да го доведе 17-годишниот талент на Баерн Минхен, Џанлука Гаудино, пишува „Calciomercato.com“.

Гаудино постепено влегува во плановите и на Пеп Гвардиола, кој го вика во првиот тим на „баварците“.

Фудбалерот се уште е со плата на адолесцент, па тоа ќе се обидат да го искористат Италијанците, така што ќе му предложат на младиот талент, повисока плата.

Гаудино настапи на два натпревари во Бундеслигата во составот на „баварците“, против Волфсбург и Штутгарт.

Се очекува да се види каква ќе биде реакцијата на првите луѓе на Баерн, а според последните информации кои пристигнуваат од Минхен, тие на Гаудино ќе му понудат нов договор со многу подобри услови и поголема откупна клаузула.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП