3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСолта не е виновна за високиот крвен притисок, туку...

Солта не е виновна за високиот крвен притисок, туку…

EKG

Со години не предупредуваат дека не треба да консумираме многу сол бидејќи тој влијае лошо на нашето здравје, пред се на крвниот притисок.

Меѓутоа, според најновите истражувања, шеќерот има уште поштетно дејство на нашиот организам од солта.

Шеќерот, а не солта, е виновен за високиот крвен притисок, заклучија американските научници, пишува Дејли Меил.

Тие истакнуваат дека шеќерот влијае на еден дел во мозокот поради што нашето срце чука побрзо, а притисокот расте.

Научниците од САД се повикуваат на неодамнешното откритие на француските колеги, кои не ја пронајдоа врската помеѓу високиот крвен притисок и солта.

Експертите советуваат дека жените не треба да внесуваат повеќе од шест лажици дневно шеќер, додека мажите можат да внесат до осум лажици шеќер.

Според истражувањето, просечниот внес на шеќер кај луѓето е околу 15 лажици дневно, можеби ви звучи многу, но шеќерот се крие во разни производи, како лебот, мусли, јогурт, готовите јадења….

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП