29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВитамински бомби кои ќе ве заштитат од настинки

Витамински бомби кои ќе ве заштитат од настинки

Fresh-vegetable-juices

Доколку овие денови се чувствувате исцрпени и изморени, повратете ја енергијата со хранливи, витамински сокови од свежо овошје и желенчук. Тие делуваат како енергетски бомби, го подигнуваат имунитетот и штитат од настинки, а на крајот од стресниот ден помагаат и полесно да заспиете. Направете си ги овие сокчина и уживајте во здравиот живот.

Напиток за убави сништа:

2 големи листа од зелена салата, половина китка магдонос, половина краставица, 3 мали морковчиња и зелениот дел од целерот (гранки и листови).

Зелена лимонада за повеќе енергија:

2 зелени јаболка (слатки), половина лимон и една шака од вашиот омилен зеленчук.

Напиток против настинка:

2 прстени ананас (свеж), половина китка магдонос, неколку листови спанаќ и половина краставица.

Морков, целер и ѓумбир за здрав живот:

1 морков, зелениот дел од целер, 1 портокал и 1 мало парче од ѓумбир (2 см).

Љубовен коктел:

3 моркови, 2 гранчиња целер со листови, 1 краставица, една шака спанаќ, 1 лимон и половина цвекло.

Сите напитоци треба да ги подготвувате со пасатор или блендер, не преку соковник кој само ќе ја извади течноста од нив, напитоците треба да ја содржат и пулпата за да бидат поефикасни. На здравје!!!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП