28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ3 чаеви за подобро здравје и витка линија

3 чаеви за подобро здравје и витка линија

Uz-pomoc-koprive-laksi-za-kilogram

Наскоро започнува периодот во кој топлиот чај секојдневно ќе биде на вашето мени, но сепак и во овој момент можете да ги консумирате бидејќи не е важно дали тие се топли или ладни. Набавете ги овие три чаеви и започнете со нивната консумација. Чаевите можат да ви помогнат полесно да се справите со вишокот килограми така што тие ќе го подобрат вашиот метаболизам. На чајот може да се гледа како средство за слабеење, но истовремено неговото благотворно дејство за човечкиот организам предизвикува многубројни позитивни ефекти.

Чајот е одличен извор на полифеноли, витамини, минерали и аминокиселини што го поттикнуваат организмот да се прочисти на тој начин што ги исфрла штетните материи и отровите од организмот.

Чај од хибискус

caj-kamilica-nana-zeleni-caj-hibiskus-caj-od-sipka-1354582738-237061

Цветот на овој чај е еден од најубавите во светот, а е препознатлив по црвената боја и киселата арома. Неговото дејство меѓу народот е познат повеќе од стотина години, а значително помага во регулирање на телесната маса.

Како одличен извор на витамин Ц, чајот од хибискус делува при детоксификација и помага при чувството на надуеност. Доколку сакате да ги почувствувате позитивните ефекти од овој чај, дневно се препорачуваат 1-2 шолји.

Чај од коприва

Uz-pomoc-koprive-laksi-za-kilogram

Како дар од природата, копривата е најдобро средство за прочистување на крвта. Ова растение содржи витамин А, минерални соли, растителни хормони, а се препорачува како природен лек против слабокрвност.

Чајот од коприва помага во ослободувањето од токсини во организмот, поволно влијае на расположението и го намалува чувството на потиштеност. Може да се употребува при намален имунитет, алергии, несоница и нервоза.

Зелен чај

zeleni-caj (1)

Содржи минерали што го поттикнуваат губењето на телесната тежина, но благотворно делуваат на целиот организам. Зелениот чај е ефикасно средство за прочистувањето на организмот, бидејќи го зголемува производството на клучните ензими и на тој начин го поттикнува излачувањето на штетните материи од организмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП