1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗемете метро и проверете колку долго ќе живеете

Земете метро и проверете колку долго ќе живеете

56510_shutterstock-124151698_630x0

Научниците од бизнис училиштето „Cass“ во Лондон тврдат дека најдобриот показател за должината на животот е обемот на половината. Една жена која е висока 160 сантиметри би требало да има обем на половина од 80 сантиметри. Колку обемот на половината е поголем во однос на висината, толку повеќе се скратува должината на животот.

Научниците собрале податоци од 300.000 лица и дошле до заклучок дека обемот на половината треба да изнесува половина од висината на човекот.

Маж кој е висок 180 сантиметри би требало да има обем на половина од 90 сантиметри, додека жената која е висока 160 сантиметри, треба да има обем на половина од 80 сантиметри. Значи, правилото важи и за двата пола.

Ваквиот обем на половина покажува дека шансите за заболување од кардиоваскуларни болести се мали, бидејќи наталожените масти во пределот на стомакот го зголемуваат ризикот од срцев удар и зголемен крвен притисок, а воедно се и најопасните наталожени масти во човекот на телото кои го нарушуваат комплетното здравје потискајќи ги органите, објаснуваат научниците.

Како што е истакнато, оние чија половина е поголема за 15 сантиметри од половината од нивната висина живеат 2 години пократко. Колку повеќе оваа разлика е зголемена, толку повеќе се скратува и животот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП