19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Гал не запира!

Ван Гал не запира!

van gal strotman

Манчестер Јунајтед дефинитивно го одврза широко ќесето за Луис ван Гал.

Обидите на раководството да му угоди на стратегот доведоа до ветување за нови 25 милиони фунти, кои ќе му бидат врачени во текот на зимата.

Ван Гал веќе има цел за следниот преоден рок, иако во овој, кој се затвори пред само еден ден, тој потроши 150 милиони фунти.

Новата цел на Холанѓанецот е Кевин Стротман.

Во јануари Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го земе полудефанзивецот од Рома, па така подготви 25 милиони фунти за него. Се очекува во тоа време Стротман да е целосно подготвен за игра, по рехабилитацијата од повредата.

Сепак, ова може дури да не е единственото ново засилување на половина од сезоната, иако новите играчи на Јунајтед веќе да се дури шестмина – Радамел Фалкао, Анхел ди Марија, Далеј Блинд, Маркос Рохо, Лук Шо и Андерс Ерера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП