19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајскапите летни трансфери за оваа година

Најскапите летни трансфери за оваа година

transferi leto

Летниот преоден рок во 2014-та година веќе е историја, откако тимовите во светот извршија доста очекувани, но и неочекувани трансакции со привлекувањето и продажбата на фудбалери. Последниот ден од пазарот по традиција повторно беше најинтересен.

Најскапиот трансфер во овој преоден рок беше оној на Уругваецот Луис Суарез кој премина од Ливерпул во Барселона за сума од 81 милиони евра. 27-годишниот напаѓач, сепак нема право да игра за „каталонците“ барем до крајот на октомри, кога истекува 4-месечната казна поради каснувањето на италијанскиот репрезентативец Џорџо Киелини за време на Мундијалот 2014 во Бразил.

Вториот најскап трансфер е на Хамес Родригез од Монако во Реал Мадрид за 80 милиони евра. Колумбискиот репрезентативец стана најдобар голгетер на Светското во Бразил со 5 погодоци и го привлече интересот на „кралскиот клуб“.

По него во рангирањето се наоѓа аргентинскиот репрезентативец Анхел ди Марија, кој премина од Реал Мадрид во Манчестер Јунајтед за рекордни за британскиот фудбал 74,95 милиони евра. „Црвените ѓаволи“ потрошија и можеби најмногу од големите гиганти во Европа во ова лето.

Топ 5 го дополнуваат Давид Луис од Челзи во ПСЖ за 49,5 милиони евра и Елијаким Мангала од Порто во Манчестер Сити за 40 милиони евра.

ТОП 25 најскапи летни трансфери:

1. Луис Суарез од Ливерпул во Барселона – 81 милиони евра.

2. Хамес Родригез од Монако во Реал Мадрид – 80 милиони евра.

3. Анхел ди Марија од Реал Мадрид во Манчестер Јунајтед – 74,95 милиони евра.

4. Давид Луис од Челзи во ПСЖ – 49,5 милиони евра.

5. Елијаким Мангала од Порто во Манчестер Сити – 40 милиони евра.

6. Диего Коста од Атлетико Мадрид во Челзи – 38 милиони евра.

7. Алексис Санчез од Барселона во Арсенал – 37,8 милиони евра.

8. Лук Шо од Саутемптон во Манчестер Јунајтед – 37,5 милиони евра.

9. Андрес Ерера од Атлетик Билбао во Манчестер Јунајтед – 36 милиони евра.

10. Ромелу Лукаку од Челзи во Евертон – 35,36 милиони евра.

11. Сеск Фабрегас од Барселона во Челзи – 33 милиони евра.

12. Адам Лалана од Саутемптон во Ливерпул – 31 милиони евра.

13. Тони Крос од Баерн Минхен во Реал Мадрид – 30 милиони евра.

14. Антоан Гризман од Реал Сосиедад во Атлетико Мадрид – 30 милиони евра.

15. Мехди Бенатиа од Рома во Баерн Минхен – 26 милиони евра.

16. Дејан Ловрен од Саутемптон во Ливерпул – 25,3 милиони евра.

17. Лазар Марковиќ од Бенфика во Ливерпул – 25 милиони евра.

18. Марио Манџукиќ од Баерн Минхен во Атлетико Мадрид – 22 милиони евра.

19. Хуан Итурбе од Верона во Рома – 22 милиони евра.

20. Калам Чемберс од Саутемптон во Арсенал – 20,23 милиони евра.

21. Марио Балотели од Милан во Ливерпул – 20 милиони евра.

22. Филипе Луис од Атлетико Мадрид во Челзи – 20 милиони евра.

23. Алваро Мората од Реал Мадрид во Јувентус – 20 милиони евра.

24. Жереми Метју од Валенсија во Барселона – 20 милиони евра.

25. Маркос Рохо од Спортинг Лисабон во Манчестер Јунајтед – 20 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП