26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГечевски и Чековски во редовите на Работнички

Гечевски и Чековски во редовите на Работнички

gecevsk

Повеќекратниот шампион на Македонија во кошарка Работнички го формира тимот за новата натпреварувачка сезона.

Во редовите на екипата од „Градски парк“ како засилувања дојдоа Тодор Гечевски и Ѓорѓи Чековски, кои до ланската сезона успешно го носеа дресот на големиот ривал и шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Двајцата кошаркари синоќа беа присутни на тренингот во салата во Градски парк, каде имаше и стотина навивачи.

Покрај овие двајца играчи тренерот Марин Докузовски, ќе работи и со репрезентативците Дарко Соколов и Марко Симоновски, додека во тимот од ланската сезона остануваат Јане Петровски, Димитар Мираковски и Марјан Ѓуров.

Амбициите на повеќекратниот шампион се да ја врати титулата, а раководството на клубот ќе се потруди во следниот период да донесе уште некое засилување (пред се од странство), по кое би следеле и контролните натпревари пред почетокот на сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП