20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧаби Алонсо и официјално во Баерн Минхен

Чаби Алонсо и официјално во Баерн Минхен

R

Досегашниот фудбалер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, официјално премина во редовите на шампионот на Германија, Баерн од Минхен.

Сјајниот играч за врска дојде во Мадрид пред пет години од Ливерпул, а со „кралевите“ освои се што можеше да се освои.

32-годишниот Алонсо потпиша договор со Баерн на две години, додека пак, актуелниот првак на Европа ќе инкасира десет милиони евра од овој трансфер.

Пеп Гвардиола сака дополнително да ја засили екипата, бидејќи некое време нема да може да смета на тешко повредените Хави Мартинез и Тиаго Алкантара, но и на Бастијан Швајнштајгер.

Чаби Алонсо во во четвртокот се повлече од настапите за репрезентацијата на Шпанија, со која исто така освои се што можеше да се освои, додека пак, местото во тимот на Реал го загуби по доаѓањето на Тони Крос и Хамес Родригез.

Од друга страна пак, Реал би можел да добие уште едно огромно засилување до крајот на преодниот рок, но името на играчот сеуште е тајна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП