3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПостојано сте гладни? Еве го виновникот!

Постојано сте гладни? Еве го виновникот!

dv1554016

Големото откритие на британските научници – генот KSR2 е виновник за бавниот метаболизам и постојаното чувство на глад.

Научниците на Универзитетот во Кембриџ тврдат дека го откриле генот кој е одговорен за потојаното чувство на глад, кој со тек на време води до дебелина. Истиот ген е одговорен и за бавниот метаболизам кај некои лица. Истражувањето со кое научниците дошле до овој заклучок е спроведено на 2101 лице кои страдале од дебелина.

Пациентите кај кои е пронајдена мутација на генот KSR2 биле постојано гладни и трошеле помалку калории од лицата кај кои таа мутација не е пронајдена.

„Некои луѓе полесно наталожуваат килограми од другите, а тоа е така поради генетските разлики. Откривањето на генот KSR2 ни покажува дека гените можат да придонесат за дебелината така што го намалуваат и забавуваат метаболизмот“, изјави д-р. Садаф Фарок од Кембриџ.

Фарок додаде дека ова откритие е многу значајно во спречувањето на епидемијата од дебелина и развојот на лекови за дијабетес тип 2 и останатите болести поврзани со дебелината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП