1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 намирници кои го намалуваат ризикот од рак на дојка

5 намирници кои го намалуваат ризикот од рак на дојка

pechurkiickp'eif

Доколку ги вклучите овие 5 намирници во вашето дневно мени, многу се мали шансите дека ќе ја добиете оваа тешка болест.

Некои научници сметаат дека со вклучувањето на одредени намирници во исхраната, можете значително да го намалите ризикот од рак на дојка. Ова се петте намирници кои треба редовно да ги консумирате за да ја избегнете оваа болест.

Калинка

vremezakalinki

Елагичната киселина од калинката може да ве заштити од ракот на дојка, така што го спречува производството на естроген и спречува развој на малигни клетки во градите.

Лосос

Оваа риба е богат извор на добри масти – есенцијалните омега 3 масни киселини, а голем број на анализи покажале дека жените кои ги внесуваат во поголеми количини имаат 14 проценти помали шанси да добијат рак на дојка. Ако не можете да си дозволите лосос, заменете го со другите риби кои исто така се богати со добри масти, како сардината, црниот бакалар и скушата.

Сладок компир

Sweet-potato-yam

Каротеноидите кои се наѓаат во слаткиот компир, содржат соединенија кои го регулираат растот, обновата и имунитетот на клетките. Освен слаткиот компир, најмоќните каротеноиди се и во морковите, тиквата и зеленчукот со темно зелена боја.

Зелен чај

Овој чај е богат со пилифеноли – антиоксиданти со голем број на позитивни дејства за целото здравје, вклучувајќи го и ракот на дојка. Жените кои пијат барем еден зелен чај дневно се повеќе заштитени во однос на оние кои не го пијат.

Печурки

pechurkiickp'eif

Жените кои јадат 10 грама печурки дневно или повеќе имаат дури за две третини помали шанси да заболат од рак на дојка, во однос на оние кои ги консумираат ретко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП