13 октомври, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМагдоносот ги лекува бубрезите

Магдоносот ги лекува бубрезите

persunmagdonosopkfi509tgi54

Магдоносот, билка која ја користиме како зачин, има магична моќ.

Магдоносoт е одличен сојузник во борбата против уринарните проблеми, бубрежните заболувања и исто така тој е силен диуретик. Како лек може да се користи коренот и листовите од магдоносот.

Исфрлањето на водата од организмот е многу важнo. Преку урината ги исфрламе отровите, бактериите и другите штетни нешта. За магдоносот научно е докажано дека тој е одличен диуретик. А покрај тоа е и силен антиоксиданс.

Консумирањето на чај од магдонос е препорачливо, но никако не смеете да претерате со неговата консумација. Најповолно е консумирањето да не прејде еден литар дневно.

Магдоносот е билка која уште во античките времиња била присутна како лек. Во стариот Рим верувале дека грицкањето на листови од магдонос ја подобрува перцепцијата и интелектуалната способност. Денес оваа билка се користи само како зачин, а добро информираните ја користат и како лек.

Додадете го магдоносот секојдневно во вашите јадења, покрај супите и готвените јадења, додадете го и свеж во салатите и помалите оброци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП