26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКазни за физичките лица кои тргуваат со хартии од вредност на странски...

Казни за физичките лица кои тргуваат со хартии од вредност на странски пазари

akcii trguvanje

Надлежните институции почнаа да преземаат мерки за откривање и казнување на физичките лица коишто неовластено тргуваат и вложуваат преку интернет-платформи во хартии од вредност на странски пазари, што е забрането согласно Закнот за девизно работење, соопштија денеска Министерството за финансии, НБРМ и Комисијата за хартии од вредност.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека во Република Македонија согласно со Законот за девизно работење, физичките лица – резиденти на Република Македонија, не смеат да вложуваат во хартии од вредност во странство. Според тоа, тргувањето, односно вложувањето во акции, обврзници, инструменти на пазарот на пари, деривативни финансиски инструменти и во други финансиски инструменти на странските финансиски пазари преку интернет-платформите е забрането“, се вели во денешното соопштение од овие институции.

Во него се додава дека во последно време се забележува наплив на понуди за заработка со тргување преку интернет-платформите, кои ветуваат остварување големи приноси и дополнителни парични средства за вложување, со цел полесно привлекување на потенцијалните инвеститори.

„Тргувањето преку интернет-платформите со себе носи голем број ризици и може да доведе до високи загуби за вложувачите. За да се спречи ваквото тргување, надлежните органи почнаа да преземаат мерки за откривање и казнување на физичките лица коишто неовластено тргуваат и вложуваат преку овие интернет-платформи“, се посочува во соопштението.

Надлежните институции потсетуваат дека казните за физичките лица коишто вложуваат во странски хартии од вредност на овој начин се во висина од 1.500 до 3.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП