20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОAтлетико Мадрид испрати понуда за Ројс

Aтлетико Мадрид испрати понуда за Ројс

marko liverpul

Атлетико Мадрид направи изненадувачка понуда за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс. Ова го тврди шпанското радио „Кадена Копе“.

Досега како главни кандидати за потписот на германскиот репрезентативец се сметаа Баерн Минхен и англиските Ливерпул и Арсенал.

Атлетико сепак се надева да ги изненади гиганти и да го привлече Ројс на „Висенте Калдерон“, каде што тој треба да го замени Диего Коста кој замина во редовите на Челзи.

Според радио „Кадена Копе“ трансакцијата може да биде остварена во наредните неколку дена. Атлетико ќе даде вкупно 27 милиони евра, 17 милиони ќе бидат исплатени веднаш, а уште 10 милиони во јануари.

Дортмунд не сака да го продава Ројс, но може да биде принуден да го стори тоа. Неодамна од Баерн открија дека тој има клаузула за раскинување на договорот. Таа влегува во сила следното лето.

Па ако го задржат Ројс во оваа сезона, Дортмунд ризикува следното лето тој да го засили директниот конкурент Баерн Минхен. Тоа може да ги предизвика Јирген Клоп и Ханс-Јоаким Вацке да го продадат уште сега на тим надвор од Бундеслигата.

Останува сепак и самиот Ројс да се согласи да премине во Атлетико, наместо во тим од англиската Премиер Лига и тоа можеби ќе биде најголемата пречка пред овој трансфер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП