18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтерлинг ќе добие нов далеку подобар договор од Ливерпул

Стерлинг ќе добие нов далеку подобар договор од Ливерпул

Sterling-he

Ливерпул планира да му предложи нов, многу подобар договор на Рахим Стерлинг и така да ги „олади“ желбите на големите европски клубови за негов трансфер.

19-годишниот Стерлинг го потпиша својот прв професионален договор со клубот пред година и половина и има уште 3 сезони до истекување на истиот.

Сепак „црвените“ немаат намера да чекаат тој да истече и планираат да понудат подобри услови на младиот фудбалер.

Во моментов Стерлинг добива околу 30.000 фунти неделно, но новиот договор ќе биде со речиси 4 пати поголема сума, тврди весникот „Мирор“.

Рокот на договорот природно исто така ќе биде продолжен и тоа треба да го натера англискиот репрезентативец да мисли само за настапот во дресот на Ливерпул.

По заминувањето на Луис Суарез, Брендон Роџерс гледа во Стерлинг еден од главните играчи во неговиот тим, па поради тоа менаџерот сака на подолг период да го задржи во своите редови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП