19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Јорганџиите“ ќе се обидат да го купат Шурле

„Јорганџиите“ ќе се обидат да го купат Шурле

Chelsea vs Manchester City

Шпанскиот фудбалски шампион Атлетико Мадрид почна преговори со англискиот клуб Челзи за правата на напаѓачот, Андре Шурле, тврдат спортските медиуми во двете земји.

Атлетико сака да го искористи статусот на резерва на Германецот и да го доведе во своите редови само една година откако тој премина во Челзи со трансфер во вредност од 18 милиони фунти од Баер Леверкузен. Иако „јорганџиите“ можат да му гарантираат стартното место на Шурле и во шпанското првенство, и во Лигата на шампионите, Германецот неколкупати најави дека сака да се бори за место во Челзи.

Тој се надева да го повтори својот успех од светското првенство во Бразил, кога стана непроценлив фудбалер, иако ги започнуваше натпреварите од клупата.

„Сакам да освојувам титули со Челзи и имаме можност да го направиме тоа во оваа сезона. Треба да го направам следниот чекор на клупско ниво и искуството од светското првенство ќе ми помогне во тоа. Се чувствувам сигурен во моите сили“, рече Шурле во интервју за весникот „Сан“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП