1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСпорните производи со листерија на Екстра меин повлечени од промет

Спорните производи со листерија на Екстра меин повлечени од промет

EkstraMein

Спорните производи на месната индустрија Екстра меин, за кои Минситерството за здравство информира дека е детектирано присуство на листерија, вчера се повлечени од пазарот, производството е запрено во месната индустрија, земени се мостри од суровините, работните површини, машините и од сите оние делови каде што евентуално може да се најде листерија за да се изврши споредувње со изолатите земени од заболените лица.

Ова се мерките што ги презеде Агенцијата за храна и ветеринарство по добиеното известување од Министерството за здравство.

Истовремено Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува на граѓаните да не го консумираат производот сецкан свински врат од лотовите 07632 и 07633, со рок на употреба 21.07.2014 до 04.09.2014 година.

Од Агенцијата информира дека врз основа на добиените резултати, кои се во насока за детектирање на изворот на Листериа, од страна на надлежните институции се вршат дополнителни испитувања.

Наведуваат дека што се однесува до другите производи од млечната и месната индустрија, операторите со храна од животинско потекло, од 30 јули 2014 година, согласно извршеното надополнување на годишната Наредба за извршување на ветеринарни мерки и контроли за заштита на јавното здравство од контаминенти или резидуи кои се пренесуваат од животните или производите од животинско потекло, како дел од дополнителните превентивни мерки за превенција, намалување и елиминирање на ризикот од листерија, вршат задолжително лабораториско испитување на сите лотови од производите од животинско потекло кои се опфатени со Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храна, за утврдување на евентуално присуство на бактеријата Листериа.

Производите не се ставаат во промет се додека не се добие задоволителен лабораториски наод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП