3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Кока-Кола“ конечно го призна она што сите го знаевме

„Кока-Кола“ конечно го призна она што сите го знаевме

Coca-Cola logo

Сенди Даглас пие пo една „Кока-Кола“ секој ден.

,,Понекогаш попладне пијам „Кока-Кола Зеро“, но никогаш уште една „обична“ бидејќи соржи премногу калории. Тоа е мојот дневен режим”, вели Сенди.

Да се работеше за некој друг, ова ќе беше сосема неважна вест, но Сенди Даглас е претставник на „Кока-Кола“ за Северна Америка, пишува „Бизнисвик“.

Оваа информација очекувано се прошири по медиумите во САД, поради тоа што ова е вторпат некој од шефовите на компанијата да се осврне на здравствените проблеми што ги предизвикува нивниот производ.

Потсетуваме, претставникот на компанијата за Европа, Џејмс Куансеј, минатата година призна дека „Кока-Кола“ предизвикува гојазност, откако еден новинар го соочи со фактот дека во една лименка има „шест коцки шеќер“.

Сепак, ова не треба да биде премногу изненадувачко, бидејќи компанијата веќе некое време се бори со падот на продажбата и со спречување на проблемите кои се штетни по здравјето, а „Кока-Кола“ ги негира.

Решението на компанијата е – да се врати „Кока-Кола“ во помали пакувања, со што ќе предизвикува помалку вина кај купувачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП