26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПрво појадок, па потоа кафе и цигара, а никако обратно!

Прво појадок, па потоа кафе и цигара, а никако обратно!

kafe cigara3

Најновите истражувања покажуваат дека оние кои палат цигара веднаш по будењето, имаат двапати поголемо ниво на канцерогениот спој NNAL, отколку луѓето кои тоа „задоволство“ го одложуваат барем за еден час. Кафе на празен желудник исто така лошо влијае на организмот.

Голем број пушачи уживаат во утринското кафе и првата цигара непосредно по будењето, иако тоа е најлоша можна комбинација на празен желудник.

Првата утринска цигара е поопасна од сите останати кои ќе се испушат во текот на денот, покажа американско истражување.

Најголем број пушачи, дури една третина, првата цигара ја палат во првите пет минути по будењето, додека само петина причекуваат еден час.

Кафе на празен желудник исто така лошо влијае на организмот, бидејќи поттикнува лачење на хлороводородна киселина, што особено е опасно за лицата подложни на гастритис. Но ова и кај здравите луѓе може да предизвика пречки во варењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП