19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбалерите на Металург во третото квалификациско коло од Лига Европа

Фудбалерите на Металург во третото квалификациско коло од Лига Европа

gol

Фудбалерите на Металург успеаја да се пласираат во третото коло од квалификациите за Лига Европа откако синоќа во Сараево против Железничар одиграа 2:2.

До големиот успех на екипата од „Железарница“ стигна со голот на Миле Крстев во втората минута од судиското надополнување.

Претходно домаќините поведоа со 2:0 (Нинослав Додевски автогол 16.минута и Ријад Бајиќ 54.минута), а Марјан Радески во 62.минута намали на 2:1.

За одбележување е и промашениот пенал на Марко Симоновски во 57.минута.

Ремито од 2:2 на македонскиот претставник му одговараше со оглед на тоа дека првиот дуел во Скопје заврши без погодоци 0:0.

Во следната фаза противник на „металурзите“ ќе биде Омонија од Кипар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП