19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРодригез е нов играч на Реал!

Родригез е нов играч на Реал!

hames rodrigez real

Колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез ќе биде официјално претставен како ново засилување на Реал Мадрид помеѓу 19:00 и 20:00 часот по македонско време вечерва, тврди мадридскиот весник „Ас“.

„Кралскиот клуб“ ќе плати 80 милиони евра на Монако за халфот кој ќе го облече дресот со број 10 на грбот и ќе добива по 7 милиони евра плата на сезона. Договорот на Хамес Родригез со „белите“ќе биде за период од 6 години.

Пред презентацијатаКолумбиецот ќе ги мине задолжителните медицински прегледи, по што ќе го парафира договорот и ќе даде прес-конференција, придружуван од легендата Емилио Бутрагењо.

Се очекуваат над 300 новинари за време на официјалното претставување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП