Болните и проблематични непца се поврзани со низа болести, чие рано препознавање и лечење може да го сочува здравјето на пациентот и да спречи напредок на болеста.
Најновите истражувања покажаа дека пациентите кои боледуваат од некоја форма на пародонтна болест, односно имаат воспаление на непцата, изложени се на ризик од кардиоваскуларни болести и проблеми со крвотокот и нервниот систем, инфекции на респрираторниот систем, компликации во бременоста, ревматоиден артритис, дијабетес, остеопороза, па дури и зголемен ризик од тумори. Научните истражувања докажаа поврзаност и со Алцхајмеровата болест и болестите на дигестивниот систем, бубрезите и простатата.
Докажано е дека лицата со пародонтални проблеми во устата се поврзани со наведените болести и дека можат да предизвикаат нивен напредок. Докторите најчесто знаат да кажат дека здравјето на целото тело започнува од устата и затоа не ги занемарувајте посетите на стоматологот.