27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзгребани 100.000 денари на Инстатнт лотаријата 7ма Брзина

Изгребани 100.000 денари на Инстатнт лотаријата 7ма Брзина

7brzina

Добивка од 100.000 денари е изгребана на Инстатнт лотаријата 7ма Брзина. Инстант лозот е купен во продажното место Христов-ДОЕЛ, во скопско Радишани.

Досега во Инстант лотаријата 7ма Брзина, доделени се пет премии – автомобил Голф 7, а има и по еден добитник на 100 илјади и 50 илјади денари.

Инстант лотаријата 7ма Брзина беше лансирана на 10 јули минатата година, а на играчите на игрите на среќа им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до 10 автомобили Голф 7, обезбедени во соработка со Порше Македонија. Вкупниот број на добивки е 311.030, а вкупен фонд е 26.702.000 денари, со што секој трет лоз е добитен.

Лозот содржи поле за игра, поделено на девет сегменти, прекриено со заштитен слој под кој се наоѓа стрелката и автомобилски брзинометар. Стрелката лесно го насочува играчот кон видот на добивката прекриена со заштитниот слој, додека пак на брзинометарот се испишани видовите на добивки и тоа од 0 па до 100.000, заклучно со премијата ГОЛФ 7.

Стрелката може да упатува само на еден вид на добивка. Доколку упатува кон 0, тогаш лозот е недобитен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП