2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДесетте најскапи градови за странците

Десетте најскапи градови за странците

PD33249316_ANGOLA-_2246122k

Според Мерсеровата листа на најскапи градови за странците кои живеат во нив, во 2014 година првата позиција ја задржа минатогодишниот „победник“ Луанда во Ангола, но на листата доминираат азиските градови.

На второто место е престолнината на Чад, Нџамена, а на третото место се наоѓа Хонг Конг, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

На четвртата позиција се најде Сингапур, а на петата и шестата позиција се два швајцарски градови – Цирих и Женева.

На седмото место е јапонскиот главен град Токио, потоа следат Берн, Москва и Шангај.

Во првите дваесет најскапи градови, седум се наоѓаат во Азија, шест во Европа а пет во Африка.

Најскапи градови во Европа после Цирих и Женева се Лондон на 12 место, Копенхаген 15 место, Осло 20 место и Париз 27 место.

Мерсеровата листа „Трошоци за живот“ е една од светските најсеопфатни листи а замислена е за да им помогне на мулти националните компании и владите во одредување на надокнадата на нивните граѓани на привремена работа во странство.

Истражувањето опфаќа 214 градови на пет континенти, а ги мери компаративните цени на преку 200 ставки во секој град, вклучувајќи го сместувањето, превозот, храната, облеката, покуќнината и забавата.

Разликата во цените на тие ставки може да биде драстична.

На пример, едно кафе во Манагај во Никарагва е 1,54 долари, а во Москва 8,29 долари.

Брза храна, на пример хамбургер, во Калкута, Индија, чини 3,62 долари, а дури 13,49 долари во Каракас, Венецуела.

Влезниците за кино претстава во Јоханесбург во Јужна Африка чинат 5,91 долари, а во Лондон дури 20,10 долари.

Стамбените трошоци на иселениците, обично, се најголемиот трошок за работодавачите.

Месечна станарина во луксузен двособен ненаместен стан во Москва е 4.600 долари, што е за 14 пати поскапо во однос на Карачи во Пакистан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП