7 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Охрид отворена Меѓународна конференција за платните системи и системите за порамнување...

Во Охрид отворена Меѓународна конференција за платните системи и системите за порамнување хартии од вредност

evra-5007y4h4rtth45tr

Во организација на Народната банка на Република Македонија, заедно со централните банки на Холандија и на Португалија, од денеска до 9 јули во Охрид се одржува Седмата конференција за платните системи и системите за порамнување хартии од вредност.

Собирот во Охрид има меѓународен предзнак, со учество на претставници од деловните банки, клириншките институции и Министерството за финансии на Република Македонија, претставници од централните банки на Бугарија, Полска, Словачка, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Хрватска, Црна Гора и на Чешка, како и претставници на „Еуроклиар“ и „Комерцбанк“.

“На средбата во Охрид се обработуваат актуелни теми, најновите трендови во платните системи, со системите за порамнување со хартии од вредност…Теми кои се актуелни и во Европската унија, како предизвиците пред кои се наоѓа Унијата. Македонија ги следи тие трендови и се обидуваме да држиме чекор со најновите измени во платните системи и системите за порамнување во хартии од вредност бидејќи и ние одиме кон тој пат, истакна гувернерот на НБРМ Димитар Богов.

Во обраќањето пред присустните рече дека во Охрид ќе биде претставена Црвена книга за системите за плаќање, клиринг и порамнување во РМ, важна за Македонија оттаму што ги подобрува разбирањата за начините на плаќањата и порамнувањата во платните системи, како на национално така и на меѓународно ниво.

“Истовремено овој проект ги хармонизира платежните статистики на НБРМ, со платежните статистики на Европската централна банка, што е процес од кој се очекува да обезбеди методолошка унификација односно да ги обезбеди сите потребни информации, согласно барањата на статистичкиот систем на ЕЦБ, истакна Богов.

Меѓу другото, на средбата во Охрид ќе се разговара на интегративните процеси во областа на плаќањата во рамки на ЕУ, новитетите од предложената ревизија на Директивата за платежни услуги, ефектите на поголемата финансиска инклузивност во економскиот развој и во услови на нееднаков развој и нееднакви на социјалното осигурување, прашања од областа на институционалните промени, пред се од аспект на промовирањето на Одборот за плаќања на мали вредности во евра (Euro Retail Payments Board), прашања од областа на виртуелните платежни средства и друго.

Очекувањата се дека конференцијaта ќе придонесе за збогатување на познавањата на домашните експерти од областа на платните системи, со што би се подигнале капацитетите за непречена интеграција на Република Македонија во Европската Унија, како и подобрување на оперативната подготвеност на Народната банка на Република Македонија за приклучување во системот на Европските централни банки во делот на плаќањата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП