28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПриродни лекови за изгореници од сонце

Природни лекови за изгореници од сонце

169603480653b40309baf6b988577566_orig

Доколку на одморот сонцето ве „изненади“ со болни изгореници на кожата, не се грижете бидејќи решението се наоѓа во вашата кујна. Доколку на одморот не сте внимавале на вашата кожа и сте заработиле изгореници, тука можат да ви помогнат водата, јогуртот, медот, јагодите, компирот итн…

Вода

Како што знаете, водата ја хидрира вашата кожа и ја прави поеластична и помека, па доколку сте изгореле на сонцето пијте што повеќе вода за да ја хидрирате кожата одвнатре.

Јогурт

Уште одамна е познато дека изгорениците од сонце ги ублажува јогуртот или киселото млеко кое разладува, смирува, ја влажни кожата и ја враќа pH вредноста. Јогуртот нанесете го на изорените места и оставете го да отстои 15 минути.

Мед

med78k7utg

Медот, исто како и јогуртот, ја смирува и обновува оштетената кожа и оштетените клетки на кожата. Нанесете го на изгорениците и оставете го да отстои околу 20 минути.

Јагоди

jagodikasa34r534g

Јагодите се богати со витамин Ц кој е најважен за производство на колаген, но и танинот кој ги смирува воспаленијата. Направете каша од неколку јагоди и ставете ја на изгорените места.

Компир

Овој зеленчук е богат со скроб кој има можност да ја извлече топлината од кожата и да ја смири болката бидејќи делува како природен аналгетик.

Зелен чај

Танинската киселина која се наоѓа во зелениот чај помага при регенерација на оштетената кожа. Разладениот зелен чај нанесете го на болните места.

Кисела вода

Доколку вашата кожа при несоодветното сончање силно се затегне, што воопшто не е пријатно, земете едно шише кисела вода и по туширањето со ладна вода прелијте со се шишето кисела вода на сите проблематични места, болката ќе изчезне за миг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП