27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОва се психолошките трикови со кои Fast Food ланците ве тераат да...

Ова се психолошките трикови со кои Fast Food ланците ве тераат да трошите повеќе!

fast food lanci

Сигурно го знаете чувството за ненадејна потреба за хамбургер или овошен милкшејк.

„Fast Food“ рестораните имаат свои суптилни трикови кои им ги туркаат на купувачите „под нос“, т.е. ги поттикнуваат на поголема потрошувачка.

Еве неколку од триковите кои ги користат „Fast Food“ ланците:

Користење на топли бои.

Топлите бои поттикнуваат апетит, па ако добро ги погледнете ланците за брза исхрана ќе забележите дека нивното уредување, но и амбалажа, главно е во црвени, портокалови и жолти нијанси. Најдобар пример е „McDonald’s“.

Ефектот на добриот мирис.

Големиот дел од вкусот зависи од мирисот, па не изненадува големиот нагласок на мирисните ароми. Пријатниот и привлечниот мирис на храната е едно од главните „оружја“ на рестораните.

Привлечни фотографии.

Сликата говори повеќе од илјада зборови, па не се изненадување разубавените фотографии на храна и пијалоци кои ги гледаме во рестораните. Хамбургерот кој ќе го добиете сигурно нема да биде ист како тој на сликата, но кога ќе седнете на маса тоа повеќе нема да ви биде важно, затоа што и така веќе сте го платиле.

Посебни понуди.

Хамбургер, компирчиња и сок можеби и чинат помалку ако ги купите одвоено, но тоа на ресторанот му носи поголем профит, отколку да купите само еден артикл. Вие мислите дека добро сте поминале, а ресторанот во склоп на тие посебни понуди продава повеќе и ги трие рацете.

Атрактивни имиња и описи.

Целата храна и напитоци во рестораните за брза исхрана доаѓаат со атрактивни имиња и описи, па скоро сите содржат клише придавки, како „ароматично“ и „богато“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП