28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ"Сахара: Нераскажаната приказна"

“Сахара: Нераскажаната приказна”

sds

Нова книга фрла светло на Сахара, најмистериозната индиска финансиска компанија

Неколку животи биле секојдневие на стандардите на Утар Прадеш, огромна, сиромашна покраина во Индија во која владее беззаконие, а истовремено и на Плаза хотелот на Петтата авенија во Њујорк, со нејзиниот шампањ бар и поглед на Централ парк. Една од овие ретки особи е Субрата Рој, индиски тајкун, кој беше затворен оваа година од Врховниот суд на Индија и кој со години е гледан во друштво на Боливудски ѕвезди, познати крикет играчи, Барак Обама, Бил Клинтон, Дејвид Камерон и Далај Лама. Господин Рој тврди дека е единствениот човек на кој му било дозволено да ги допре стапалата на Мајка Тереза по нејзината смрт, пишува Економист.

Сонот на господинот Рој бил да се приклучи кон индиското воено воздухопловство. Наместо тоа, ја креира Сахара Индија Паривар, конгломерат во чија сопственост се хотели, тим во Формула 1 и проекти за млеко во Македонија, чиј ‘рбет се состои од банка во сенка, која со децении ги убедува индиските граѓани од ниската класа, возачи на рикши, селани и фармери да и веруваат со нивните рупии. Сахара изјави дека има 80 милиони корисници и нето вредност од 11 милијарди долари и дека е жртва на насилна власт. „Ги сакам регулациите”, изјави господин Рој, „но тоа не се однесува на регулациите на Хитлер врз Евреите”.

Новата книга, ,”Сахара: Нераскажаната приказна” од Тамал Бандјопадхјај, индиски финансиски новинар, го документира подемот на Сахара и делумниот пад. Основана во 1978, компанијата има три компетитивни предности. Има армија од 600 000 агенти кои одат каде банките се плашат да влезат, во неброените феудални села кои се недопрени од формалниот финансиски сектор. Има неверојатни односи со јавност, со нагласок на гламурот, патриотизмот и харизмата на господин Рој, дизајнирани да ги убедат сиромашните во неговата недостижност. И има генијални регулатори кои можат да ве надмудрат, кои се третираат со почит и пркос, стои во текстот на Економист.

Еден од начините на кои ги збунуваше властите се измената на продукти. Во 1970-тите компанијата нудеше наградни шеми. Подоцна започна да продава финансии за недвижнини и после тоа ја смени тактиката за да стане фирма со „заеднички бенефит”. Подоцна подигаше депозити, се додека Централната банка не им нареди да прекинат во 2008 и да исплатат 4,5 милијарди долари на депозиторите. До 2009 година Сахара им продаваше на руралните маси конвертибилни обврзници, за кои се жалеше дека потпаднале под надлежност на помало министерство во владата. Во 2011 година регулаторот на обврзници побара Сахара да рефундира 5 милијарди долари од овие обврзници.

Сахара беа свесни за правилата. Потрошувачите за плановите кои бараа од нив да прават секојдневни депозити можеа да добијат години на камати доколку пропуштеа плаќање. Собирањето на депозитите беше доделено на легален ентитет надвор од компанијата, за кој Централната банка немаше надлежност да го испитува.

Без оглед на се, властите конечно си дојдоа на своето. На 4 март Врховниот суд го затвори господин Рој за непочитување на судот, по пресудувањето дека Сахара не успеала соодветно да ги исполни наредбите да ги исплати назад обврзниците. На 6 мај судот забележа дека „секоја наредба е постојано и систематски непочитувана”, дека жалбите на Сахара се „лажни” и дека си играат со судот „калкулирани психолошки навреди и паметни игри”.

Сепак, финансиите на Сахара остануваат мистерија. Една теорија е дека нејзините клиенти се делумно лажни – фронт за готовината на политичарите или пак непријавен приход. Кога беше побарано да ги обелоденат идентитетите на нејзините корисници во 2012 година, Сахара им испрати на регулаторите конвој од 127 шлепери со 32.000 регистри со хаотично наредени документи, кои властите сеуште ги проверуваат. Друго гледиште е дека корисниците на Сахара се реални, меѓутоа групацијата не е ликвидна или несолвентна и не е во можност да им ги врати парите во кеш, а наместо тоа користи други финансиски инструменти. Врховниот суд побара да види доказ на хартија. Сахара тврди дека поседува 36.631 хектар земја, но регулаторите се загрижени дека нема легално поседништво на сево ова и дека ги преценува нејзините сопствености.

За неговиот дел господин Рој ги одрекува сите тврдења дека Сахара е во лоша финансиска форма. „Можам да кажам само една работа и можете да ја забележите 10 пати – никогаш не сум направил ниту една погрешна работа во мојот живот”. Има изненадувачки факт на негова страна. Кога финансиските шеми се уриваат во Индија, обично се случува насилна реакција. На пример, во 2013 година, лажен фонд се појави во Калкута, уништувајќи ги заштедите на стотици илјади сиромашни инвеститори. Неколку десетици извршија самоубиство. Досега, имало само мал знак на жалења од наводно големата база на корисници на Сахара.

Според текстот на Економист, одговорот на загатката на Сахара ќе се добие после поголемо истражување. Но може да се изведат три заклучоци.

Прво, некои од индиските институции работат – евентуално. Често тие се под интензивен политички притисок. Регулатор инволвиран во Сахара случајот се сеќава дека добивал „100 повици од видни индиски личности”, кога работел против фирмата. Но со времето, Централната банка, регулаторот на обврзници и врховниот суд ја зголемија нивната моќ. Слободата на говорот е исто така заштитена. На господин Бандјопадхјај му се закануваше тужба за обештетување од 32 милиони долари од Сахара пред неговата книга да излезе. Во спогодба надвор од судот, Сахара се согласи да дозволи книгата да биде објавена, со забелешка од две страни од Сахара дека „книгата не ја претставува вистинската и целосна слика”.

Второ, Индија треба да ги координира своите регулатори и да се префлри од ситничарски систем на регулација каде владеат правилата, кои може да бидат избегнати и би можеле да се спроведуваат само на византиските дворови, на систем базиран на широки пронципи кои им даваат флексибилност на властите.

Последната лекција е дека Индија треба да го прошири досегот на нејзиниот финансиски систем. Само 35% од возрасните лица имаат банкарски сметки и помалку од третина од заштедите на домаќинствата одат во формалниот финансиски систем, додека популарни алтернативи се злато и локални лихвари. Централната банка се надева дека ќе поттикне нова генерација на едноставни банки фокусирани на депозити и плаќања. Мобилното банкарство исто така би можело да помогне. Водафоне, голем глобален оператор, лансираше индиска верзија на М-Песа, услуга која постои во Кенија.

Додека ваквите иницијативи се популаризираат, ќе постојат епизоди како Сахара. Не дека господин Рој е расположен да признае пораз. Во 2013 година, додека се финализираше пресудата, тој изјави „Во следните пет години, во услови на средства и профит, Сахара ќе биде меѓу првите десет компании во светот”, пишува Економист.

http://www.economist.com/news/finance-and-economics/21605913-new-book-sheds-light-sahara-indias-most-mysterious-financial-firm-desert

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП