1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто треба да јадете кафен наместо бел ориз?

Зошто треба да јадете кафен наместо бел ориз?

beli-smedji-pirinac

Иако не е толку вкусен како белиот, сепак кафениот ориз не би требало да го избегнуваме.

Со обработката, кафениот ориз ги задржува своите прехрамбени вредности, за разлика од белиот ориз кој при полирање за да се добие бела боја губи поголем дел од нутритивните вредности.

Со полирање на кафениот ориз за да стане бел, се губат околу 60 проценти железо, 80 проценти од витаминот Б1, 67 проценти од витаминот Б3, 90 проценти од витаминот Б6, и речиси половина од фосфорот, манганот и влакната.

Кафениот ориз е богат со природни масла, па затоа е одличен избор за здраво срце. Поради влакната кои ги содржи, кафениот ориз ја олеснува оптималната работа на цревата и го поттикнува слабеењето.

Шоља кафеав ориз исполнува околу 80 проценти од дневните потреби за манган, кој помага при формирањето на здрав холестерол. Овој вид на ориз го подобрува метаболизмот и ни овозможува чувство на ситост подолго време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП