24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентација на измени во Законот за катастар

Презентација на измени во Законот за катастар

gkatastar

Во Агенцијата за катастар на недвижности денеска ќе бидат презентирани измени на Законот за катастар на недвижности, што ги усвои Владата минатата недела.

Законските измени ќе ги презентираат министрите за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Диме Спасов и Директорот на Агенцијата за катастар и недвижности Славче Трпевски.

Измените на законот се однесуваат на можноста за бесплатно изработување геодетски елаборати за легализација на дивоградбите за социјално ранливите категории граѓани, воведување регистер на цени на пазарот со недвижности и на услугата електронски шалтер на катастарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП