23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто е важно да јадеме вишни?

Зошто е важно да јадеме вишни?

Ripe-cherries

Ова сочно овошје, покрај својот прекрасен вкус кој ни го овозможува, придонесува и за нашето општо здравје како и за здравјето на децата, и токму поради тоа треба да биде застапено во нашето семeјно мени.

Темноцрвената и слатко-кисела вишна е наречена благородна овошка. Идеална е за освежување во летните денови и какo додаток во различни слатки, а најновите медицински истражувања покажуваат дека таа е чувар на нашето срце. Вкусниот плод е богат со лековите супстанци, има антиоксидантно, анти-воспалително и анти-инфламаторно дејство.

Се препорачува за подобрување на имунитетот, спречува појава на рак, срцеви болести и артритис, но помага и при грчеви и болки во мускулите.

Докажано е дека сокот од вишна му помага на организмот полесно да го поднесе тешкиот физички напор, па затоа таа е идеална и за лицата со тешка физичка работа, како и за спортистите.

Вишната по вежбањето ги опушта мускулите, спречува појава на воспаление на мускулите. Сокот од ова овошје помага и при несоница бидејќи содржи голема концентрација на мелатонин, хормон кој го регулира циклусот на спиење и будење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП