30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНови обвиненија против Barclays

Нови обвиненија против Barclays

barclays87hb6yj65

Обвинители од Њујорк ја обвинија британската банка „Barclays“ за измама, бидејќи, како што соопштија, раководела со инсајдерско тргување со харти од вредност.

Како што се наведува, таквото незаконско работење е спроведенo во корист на „предаторски настроените“ шпекуланти заинтересирани за висок ризик.

Американскиот државен обвинител Ерик Шнајдермен вели дека „Barclays“ им ветил на клиентите дека ќе ги штити од опасните игри на шпекулантите на затворените берзи, но дека истовремно преземал чекори во корист на тие бизнисмени кои ја користат берзата за зарaботка.

„Фактите наведени во нашата тужба говорат дека „Barclays“ покажа вознемирувачко непочитување кон своите инвеститори. „Barclays“ ја зголеми својата затворена берза говорејќи им на инвеститорите да инвестираат во безбедни води. Според нашите докази, затворената берза на „Barclays“ била преполна со „предатори“ кои таму дошле на повик од банката“, изјави Шнајдермен.

Поради ваквите обвиненија се огласи и портпаролот на „Barclays“, кој накратко изјави дека банката соработува со американските власти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП