30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентиран извештајот на Светска банка - „Зелен раст“

Презентиран извештајот на Светска банка – „Зелен раст“

pesevski zelen rast

Македонија, како и многу држави, веќе се движи во насока на озеленување. Главните елементи на патеката на зелениот раст се протегаат низ сите сектори, со особон акцент на водите, земјоделскиот сектор, надминување на предизвиците за приспособување на менувањето на климата, енергетиката и транспортот.

Ова се наведува во извештајот „Зелен раст“, на Светска банка која одбележува 20 години од работењето во Македонија.

На презентацијата се обрати и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски кој истакна дека Светска банка е еден од најважните партнери на Македонија. Изминатите 20 години, како што рече, Светска банка претставуваше витален извор на финансиска и техничка поддршка за нашата држава, поттикнувајќи го развојот на повеќе сектори.

Потсети дека Владата подготви и усвои Национална стератегија за одржлив развој во 2010 година.

„Главната придобивка од имплементацијата на Стратегијата, а и активната работа на Националниот совет за одржлив развој при Владата е воспоставување на општество засновано на знаења, политики кои истовремено ќе овозможат економски раст и развој, успешно прилагодување на македонското стопанство кон климатските промени, зголемување на вработеноста, задржување на макроекономската стабилност. Во исто време и заштита, унапредување и одржување на животната средина и рационално искористување на ресурсите, со цел зголемување на животниот стандард на македонските граѓани“, рече Пешевски.

Програмата за зелен развој и климатски промени почна во 2011 година, финансирана е од Кралството Норвешка и Шведска, а поддржан е од Светска банка. Програмата зелен развој содржи секторски анализи која ги прикажува релациите меѓу енергетиката, водите, транспортот, земјоделството, социјалната димензија, урбанизам…

„Анализата резултираше со воспоставување макроекономски модел, инструмент кој ќе и овозможи на Владата преку стимулирање на конкретни политки и сценарија, на среден и долг временски период, да ги примени најдобрите мерки и практики со што ќе се зголеми квалитетот на владините одлуки и политки, чија крајна цел е подигање на животниот стандард и обезбедување на просперитетна и сигурна иднина за генерациите кои доаѓаат“, рече Пешевски.

Амбасадорот на Кралството Шведска во Македонија Мат Стафансон истакна дека во моментов во Шведска има од 3.000 до 4.000 компании кои активно работат на полето на зелените технологии и додаде оти нивниот број постојано се зголемува.

Во извештајот се наведува дека за неколку децении Македонија ќе биде побогата земја како Западна Европа, а едни од приоритетите за кои треба да се размислува се енергетската ефикасност, снабдување со енергија, намалување на емисијата на стакленички гасови, транспорт, урбано планирање, климатските промени, чиста вода…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП