29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ4 намирници кои предизвикуваат лош здив

4 намирници кои предизвикуваат лош здив

60957597-usne-zena-crveni-ruz

Лошиот здив не асоцира на лоша хигиена или конзумирање на кромид или лук. Меѓутоа, причината за тој непријатен мирис може да биде и друга храна, па дури и некоја што ја користиме мислејќи дека со неа ја прикриваме „аромата“од устата.

1. Алкохол

Алкохолот делува како диуретик, што значи дека го зголемува излачувањето на течности од организмот, од што често последица е дехидрирањето. Тоа се случува во нашата уста, односно по неколку испиени чаши устата ни станува сува и со непријатен мирис, затоа што алкохолот го спречува создавањето на плунка во устата. Без плунка остануваме без ензимите кои ги разградуваат лошите бактерии во усната шуплина, а нивното забрзано размножување предизвикува лош здив. Затоа пијте една чаша вода по секоја испиена чаша алкохол.

2. Гуми за џвакање со вкус на ментол

Судејки според рекламите производите на база на ментол се единствените чудотворци кои не водат до свежиот здив. Факт е дека ментолот ја освежува устата, но тој за неколку минути испарува и го снемува, па устата станува неподносливо миризлива. Причината за тоа се скриените шеќери, кои предизвикуваат лоши бактерии во устата кога доаѓаат во контакт со сулфурот, а сулфурот е главниот виновник за лошиот здив. Затоа наместо купени освежувачи користете природни.

3. Црвено месо

Исхраната богата со протеини најчесто резултира со лош здив. Таа појава настанува затоа што организмот не може да преработи голема количина на протеини, а последицата е бавно разградување во цревата, после што токсините како што се амонијакот ги има низ цело тело и тие всушност испаруваат низ устата.

4. Суво овошје

Сувото овошје не само што е преполно со шеќери кои се погодни за равој на бактерии, туку и изобилува со влакна од целулоза, кои остануваат меѓу забите и го насобираат шеќерот. За да ги отстраните влакната пред да се натрупаат бактериите, задолжително користете конец за чистење заби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП