3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСтрадате од несоница? Овие намирници ќе ви помогнат...

Страдате од несоница? Овие намирници ќе ви помогнат…

nesonicagt5rgy6th65

Многу луѓе патат од несоница, која им го нарушува дневниот биоритам и им ја намалува енергијата поради што не можат да ги извршуваат нормално своите секојдневни активности. Но, дали сте знаеле дека храната можете да ја употребите како лек за несоница?

Ова се дел од продуктите кои можат да ви овозможат полесно да заспиете.

Цреши

Освен што важат за едно од најздравите овошја кое е полно со антиоксиданти, црешите содржат и мелатонин, хемиска состојка која го контролира човечкото тело кога станува збор за регулација на сонот. Во периодот од годината кога нема да можете да купите цреши, можете да користите сок направен од нив или да јадете сушени цреши, но бидејќи сега е нивната сезона, практикувајте да ги јадете свежи. Исто така и грозјето содржи мелатонин, но потребно е да изедете големо количество од него за да го постигнете ефектот. Инаку, црешите треба да ги консумирате еден час пред да си легнете.

Банани

Магнезиумот е добар природен релаксатор за мускулите, а го има во големо количество во бананите. Токму затоа е добро пред спиење да изедете една банана.

Тост

Храната која содржи јаглехидрати, предизвикува покачување на шеќерот во крвта, а со тоа човековото тело почнува да произведува инсулин за да го регулира. Токму затоа кога ќе изедете храна која содржи јаглехидрати ви се покачува енергијата, за по многу кратко време да се почувстувате уморно. Ова можете да го искористите ако имате проблеми со сонот, а едно парче тост ви е доволно за да го постигнете ефектот.

Овесна каша

Овесот слично како и тостот, содржи јаглехидрати кои го имаат истиот ефект на телото. Освен тоа овесот е богат со витамин Б6 и анти-стрес витамини како и мелатонин.

Топло млеко

Иако не постои согласност помеѓу експертите за ова прашање, сепак повеќето студии покажуваат дека топлото млеко влијае за добар сон. Исто така студиите велат дека добро е ако топлото млеко го комбинирате со овес или банана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП