26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО20 милиони фунти е понудата на Јунајтед за Швајнштајгер

20 милиони фунти е понудата на Јунајтед за Швајнштајгер

basti

Раководството на Манчестер Јунајтед подготви 20 милиони фунти за полудефанзивецот на Баерн Минхен – Бастијан Швајнштајгер, тврди електронското издание „Goal.com“.

Швајни е меѓу главните трансфер цели на новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Луис ван Гал, кој го прероди германскиот репрезентативец за време на престојот на „Алијанц Арена“, кога го премести од крило во центарот на теренот.

Бастијан е втор капитен на „баварците“, затоа што и тој е производ на школата на клубот. Сепак, халфот не е меѓу милениците на тренерот Пеп Гвардиола, кој има широк избор на фудбалери во средината на теренот.

Во Минхен веќе неколку недели се зборува дека токму Швајнштајгер го натерал тренерот Пеп Гвардиола да ја промени шемата на игра за натпреварот со Реал Мадрид, кој го загубија со 0:4.

Според информациите, самиот Швајнштајгер е подготвен да преземе нов предизвик, откако ги освои сите можни трофеи со Баерн Минхен.

Останува да се види дали раководството на „баварците“ е подготвено за ваков чекор и дали сумата е доволна германскиот репрезентативец да го напушти клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП