27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва ќе ви помогне да го подобрите помнењето

Ова ќе ви помогне да го подобрите помнењето

12711_stock-photo-herbal-tea-horsetail-s-infusion-in-a-white-cup-equisetum-arvense-naturopathy-selective-focus-shutterstock_41390665_630x0

Научниците тврдат дека зелениот чај подобрува неколку конгнитивни функции, особено нашата способност за работно паметење или меморија.

Новите сознанија исто така покажуваат дека  зелениот чај може да се користи за третирање на деменција и други психички пореметувања.

Новото истражување на Универзитетот Базел, откри дека екстрактот од зелен чај може да го подобри квалитетот на поврзување на мозокот, при што се покажало дека кај лицата кои консумираат зелен чај значително се подобрува извршувањето на задачи поврзани со работната меморија, пишува Дејли Мејл.

Исто така, зелениот чај се покажал добар при лекувањето на губењето на меморијата предизвикано од психолошки пореметувања или како дел од закрепнувањето.

Инаку, за време на истражувањето на волонтерите им било дадено да пијат екстракт од зелен чај пред обавување на задачите поврзани со работната меморија.

Следејќи ја активноста на мозокот со магнетна резонанца и скенери, научниците воочиле значително зголемување на поврзаноста меѓу париеталниот и фронталниот кортекс на мозокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП