26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали знаете што всушност содржат виршлите? (видео)

Дали знаете што всушност содржат виршлите? (видео)

63169_profimedia0174012115_300x0

Виршлите се омилена храна за многумина, а особено за децата. Меѓутоа дали знаете што всушност содржат тие? Кога конзумирате одредена храна, добро е да го знаете процесот кој се крие зад добивањето на таа храна. Во ова видео, двајца мажи даваат одговор на ова прашање, но и наведуваат многу интересни информации.

Американците ги нарекуваат хот дог бидејќи ретко јадат само виршли, туку ги комбинираат со кифла со сенф и кечап. Виршлите пред се се прават од месо, масти од животинско потекло, брашно или овес, белки од јајца и зачини. Порано за правењето на обликот по кој тие се познати се користени животински црева, а сега за тоа се користат вештачки пакувања од колаген. Виршлите содржат огромно количество на сол, што многу штетно влијае на вашето здравје.

63150_profimedia0092426234_630x0

Меѓутоа виршлите кои ги купувате имаат уште нешто освен горенаведените состојќи. Во виршлите може да се најде механички раздвоено месо, фруктозен сируп, говедски бујон, натриум нитрат и натриум ериторбат.

Американското здружение за истржување тврди дека нитратите и нитритите во виршлите во едно истражување предизвикале рак кај животните кои биле хранети со нив. Конзумирањето на големи количини виршли, сланина и месни преработки како што е куленот или чајната, го зголемува ризикот од добивање рак на дебелото црево. Под голема количина на виршли се подразбира 5-6 виршли неделно кај мажи и 2-3 виршли неделно кај жени.

Погледнете го видеото…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП