9 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПет напитоци за рамен стомак

Пет напитоци за рамен стомак

sveze-cedjeni-sokovi

Доколку не сте задоволни со изгледот на вашиот стомак и обемот на струкот, не очајувајте, бидејќи решението се крие во освежувачки и вкусни пијалаци. Погледнете кои се тие…

Фрапе од лубеница

watermelon-juice-©-Africa-Studio-Fotolia

Доколку го подготвувате без шеќер, фрапето од лубеница е одличен начин да се освежите без грижа на совест. Лубеницата е одличен избор за нискокалорично фрпе. Не само што е природен начи да се хидрирате поради високата содржина на вода, туку таа содржи и лековити состојки, вклучувајќи го ликопенот, познат по превентивносто дејство на појавата на рак. Лубеницата содржи и аминокиселини, како аргинин, која во организмот ги намалува мастите и го поттикнува зголемувањето на мускулна маса.

Ладен чај од нане

Овој пијалак е одличен за освежување, но и за ослободување од масните наслаги на стомакот. Чајот од нане му помага на организмот при борбата со маснотии, но и го забрзува варењето на храната, па така ја спречува подуеноста.

Фрапе од ананас

Sok-od-ananasa-575x383

Напитокот од ананас ќе ве одведе во тропските краишта, а на вашето тело ќе му помогне да се ослободи од вишокот килограми, особено од оние на стомакот. Ананасот содржи ензим бромелаин, кој помага во разградувањето на протеините, го олеснува варењето и спречува појава на надуеност

Зелен чај

Покрај тоа што делува превентивно на појавата на рак и срцеви заболувања, зелениот чај е богат со антиоксиданси кои влијаат позитивно нана намалувањето на масните наслаги околу половината. Ако пред физичките активности се напиете шолја зелен чај, ќе согорите многу повеќе маснотии.

Шејк од чоколада

Чоколадото, посебно она со високо ниво на какао, всушност може да ви помогне да ослабите. Кралот на слатките го намалува апетитот и ја спречува појавата „напад на глад“. Меѓутоа, овој пијалак може да содржи повеќе од 400 калории, па повеќе се смета како оброк, отколку како ужина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП