27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза

Македонска берза

tockan

На 03.06.2014 година на Македонската берза е остварен промет од редовното тргување од 3.120.451,00 денари (50.592,36 евра) од кои 2.993.390,00 денари се остварени на Официјалниот пазар, додека на Редовниот пазар се истргувани хартии од вредност во вредност од 127.061,00 денари. Официјалниот пазар учествува со 95,92% во остварениот промет, додека  Редовниот пазар учествува во остварениот промет со 4,07%. Од акциите кои што се тргуваат на Официјалниот пазар најголемо учество во вкупниот дневен промет имаа акциите на Комерцијална банка Скопје со промет од 1.997.500,00 денари. На Официјалниот пазар најголем пораст на 03.06.2014 година забележаа акциите на Топлификација Скопје со процентуален пораст на просечната цена од 5,29%. На 03.06.2014 година на Македонската берза се склучи една администраторска блок трансакција и тоа:

31.336 обични акции на ТТК Банка АД Скопје(TTK) по цена од 698,00 денари за една акција, што претставува 3,45% од основната главнина на друштвото. Вкупната вредност на трансакцијата изнесува 21.872.528,00 денари.

 

Издвојуваме:

 

Триглав Осигурување АД Скопје објави известување за промени во органот на управување.

Современ дом АД Прилеп објави одлуки од Собрание на акционери. Помеѓу останатите одлуки Современ дом АД Прилеп објави и одлука за распределба на  остварената  добивка  по годишната сметка и финансиските извештаи за деловната 2013 год.

-Агрокуманово АД Куманово и РЖ Институт АД Скопје објавија ревидирани финансиски извештаи за 2013 година и годишен извештај за работењето во 2013 година.

-Нова стоковна куќа АД Струмица објави Одлуки од Собрание на акционери и ревидирани финансиски извештаи за 2013 година.

-Македонија АД Битола објави јавен повик за свикување Собрание на акционери.

 

За повеќе информации посетете ја Интернет страната на Македонска берза http://www.mse.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП